MOVE – Гледај на свој начин

Уживај во брзо, модерно и паметно ТВ искуство

Една платформа, безброј содржини

300+ ТВ канали

Ексклузивни спортски канали и содржини

Хит серии и култни филмови

Радио станици

MOVE STB уредот го претвора секој телевизор во SMART TV

Ја отвара вратата кон Google Play продавницата, каде може да ги превземеш омилените апликации, игри и многу повеќе

Гледај на сите уреди

MOVE платформата ти овозможува да гледаш дигитална телевизија на дури четири уреди истовремено, преку компјутер, паметен телефон, таблет или телевизор.

Следи различни радио и ТВ канали и уживај во слика со врвен квалитет и звук, било каде и да си.

Упатство

ТВ канали до 7 дена наназад

Не пропуштај ја омилената содржината со опцијата за враќање програма на ТВ канали до 7 дена наназад.

Спортско – информативни ТВ канали

За страствените љубители на спортот тука се ексклузивните преноси на регионални и меѓународни натпревари со стручна анализа, додека вестите за најактуелните случувања од регионот и светот можете да ги пратите на канали како Euronews, Bloomberg и NewsMax.

Филмско – сериски ТВ канали

Неодолива понуда на содржини за целото семејство! Без разлика дали уживате во ремек-делата на регионалната кинематографија, уметнички филмови, или пак возбудливи светски серии и блокбастери, овие канали се врвно доживување за сите генерации.

Образовно – забавни ТВ канали

Откриј ги најубавите дестинации на планетата, истражи ги клучните моменти во светската историја и неверојатните човечки достигнувања. Препушти се во уживање со приказните за природните убавини и неодоливите кулинарски авантури кои ќе ве инспирираат и освојат.

Детски ТВ канали

Со детските ТВ канали и омилените јунаци, вашите малечки можат да уживаат во волшебниот свет на имагинација и забава, без разлика дали ја истражуваат вселената, ги следат авантурите на нивните омилени ликови или учат нешто ново преку забава, едукативни емисии или цртани филмови.

Гледај ги најновите серии на Superstar TV

Следи ги најновите серии од нашата продукција и биди во тек со најновите епизоди.

Функционалности

Со MOVE STB уред секој телевизор станува SMART TV

Гледај до 7 дена наназад

Гледај ги пропуштените филмови, серии, емисии и спортски натпреварувања до 7 дена наназад – во било кое време!

Видео клуб

Истражи богат свет на филмови и серии со модерен интерфејс и напредно пребарување! Уживај во хитовите и култните достигнувања.

Профили

Семеен ТВ свет – ново персонализирано ТВ искуство за секој член во семејството.

Купување од апликацијата

Додади нови содржини директно од апликацијата, брзо и едноставно.

ТВ апликации на клик

Истражи го Google Play Store, превземи апликации прилагодени за голем екран и уживај во врвна забава.

Пребарување

Твој водич до омилените наслови! Брзо и лесно пронајди ги содржините кои ги сакаш.

Персонализирана содржина на МОЈ ТВ страната

Направи листа со омилени содржини и уживај во гледање по свој избор.

Радио

Слушај ги омилените радио станици кога и да посакаш

ТВ програма

Брзо и лесно пронајди ги омилените наслови со можноста за пребарување по датум и активација на потсетник за идни содржини!

Истражи нов свет на паметна телевизија

Одбери го својот пакет и активирај MOVE!